Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре влез во угостителски и други затворени објекти само со две дози вакцина или сертификат за прележан Ковид во последните 45 дена

/

пред 1787 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре 15 ноември 2021 година за влез во објекти, е потребно сертификат односно потврда за извршена вакцинација од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат односно потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Од министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани , што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, се вели во соопштението на Министерството за здравство.