Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложен скринингот во основните училишта за детекција на ковид-19

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Иако беше најавен дека ќе почне денеска, скринингот на учениците во основните училишта кој треба да покаже колку и каде се шири корона вирусот и дали меѓу децата има асимтоматски заразени, неофицијално е одложен за понеделник, бидејќи се уште се собираат согласностите од родителите.

Официјално се уште чекаме информација од Министерството за здравство. Стартот на скринингот за денеска го најавија од Комисијата за заразни болести уште вчера, од каде рекоа дека алармот за проверка на учениците го вклучил загрижувачки зголемениот број заболени со Ковид- 19 меѓу нив. Трендот трае веќе неколку недели. Последниот период имало 120 нови случаи на заразени ученици на територијата на целата земја.

Со скринингот се планира да бидат опфатени околу 2000 основци од целата држава, но не и средношколците, каде како што рекоа од Комисијата , состојбата е стабилна, но се следи. Планирано е учениците да бидат тестирани со брзи, антигенски тестови, а анализата на резултатите што ќе ја спроведе Институтот за јавно здравје треба да даде насоки за евентуална измена на епидемиолошките мерки во училиштата.