Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорена средбата на Пендаровски со претставници на ОМО Илинден Пирин од Бугарија, но без датум

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Датумот на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и забранетата партија ОМО Илинден Пирин на Македонците од Бугарија не е утврден, а причина за тоа е состојбата со пандемијата со коронавирусот.

Претходно од кабинетот на претседателот Пендаровски потврдија дека ќе прими нејзини претставници на средба, но за датумот и терминот се уште не се договорени.

ОМО Илинден Пирин е само една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, но е најбројна, најактивна во поднесување тужби пред Европскиот суд за човекови слободи и права против неа и редовен победник во споровите.