Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одлуката за Ѓоковиќ е рационална

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

Австралискиот Федерален суд денеска соопшти дека ја одбил жалбата на тениската супер ѕвезда Новак Ѓоковиќ за укинувањето на визата бидејќи министерот оценил дека Ѓоковиќ, кој не бил вакциниран против коронавирус, може да претставува ризик за австралиската заедница.

Суд го отфрли тврдењето на адвокатите на тенисерот дека нема докази дека Ѓоковиќ некогаш повикал некого да не се вакцинира.

Во меѓувреме, медиумите објавуваат дека тенисерот Новак Ѓоковиќ купил 80 отсто од данска био- технолошка компанија, која што развива медицински третмани против Ковид-19. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија и работи на развивање пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка.