Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Омикрон го погоди Божиќ, откажани повеќе од 7.500 летови

/

пред 1741 дена

Сподели преку :

Во САД за еден ден откажани речиси 1.200 летови бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19. Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, вели главниот епидемиолог Ентони Фаучи.

Кинеските и американските авиокомпании беа двете земји најпогодени од доцнењата и откажувањата. Компаниите велат дека откажувањата се поради пораст на заболени на екипажот на авиокомпанијата.

Најпогодени американски компании беа Delta, United и JetBlue. Сепак, најпогодена авиокомпанија во Азија беше China Eastern, со повеќе од 390 откажани летови во неделата.

Аеродромот во северниот кинески град Ксиан пријави повеќе од 120 откажани летови.

Регистрираните случаи на коронавирус нагло се зголемуваат ширум светот, главно со варијантата Омикрон. Според Универзитетот Џон Хопкинс во Америка, околу 5,4 милиони луѓе ширум светот починале поради коронавирус.