Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи смета дека не се потребни брзи предвремени избори и дека државата има потреба од политичка стабилност и предвидливост

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Државата има потреба од политичка стабилност и предвидливост, смета Османи прашан за коменатар за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори следната година.

Очекува актуелното парламентарно мнозинство наредните денови да се формализира, да продолжи да работи до редовните избори во 2024 година.

– Пред нас се важни прашања и во делот на можностите и во делот на кризите коишто треба да ги надминеме. Од 2006 година речиси секоја година државата е во избори, дали се тоа парламентарни, претседателски или локални, референдум…. Мислам дека немавме ниту една година од 2006 досега да нема избори. Изборите значат три до четири месеци парализирање на системот. Соберете ги тие три до четири месеци во последните 11 години, тоа се изгубени години поради честите изборни циклуси. А да не ја забораваме тука непредвидливоста што се создава врз бизнисот, странските инвеститори… изјави денеска Османи, коментирајќи го барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори следната година.