Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отпадот во речните води и криволовството опасност за рибниот фонд

/

пред 1715 дена

Сподели преку :

Отпадот кој се фрла во реките, прави огромни штети на рибниот фонд. Речиси сите видови риба, особено пастрмката, бара чиста вода, вели Спасе Симјаноски од Здружението “Риболовец Вардар“ од Брвеница, кое е концесионер на водните површини во реонот Вардар 2.

Симјаноски вели дека низ годините овој проблем е доста чест, така што апелира на совесно однесување кај сите граѓани.

Рибниот фонд се уништува и со криволовство, особено во период на мрестење на рибите, вели Борче Коруноски од Рибарската контрола на Здружението. При контолите кои биле вршени минатата година било забележано зачестено ловење со мрежи.

Ваквите проблематики ја наметнуваат неоходноста од почесто порибување. Здружението во водите во брвенечкиот регион пушти 50 килограми подмладок на речна пастрмка.

Данијела Билбилоска