Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелагонскиот регион на нозе по драматичниот пораст на бројките

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

Со речиси 280 активни слуачи на КОВИД-19, Прилеп е високо на листата на градови по лица кај кои болеста е во тек. . Драматичниот пораст и вчерашниот рекорден број од 41 заболен, го вклучија алармот кај надлежните, а од Кризниот штаб најавија дека строго ќе се контролира спроведувањето на мерките и препораките во сите сегменти. Позитивни на вирусот се наставници од основни училишта кои држале настава со физичко присуство, негувателки и  воспитувачки од  градинки.

Во изолација се над 60 деца. Поради позитивни вработени, затворени се две текстилни фабрики, а заразени се и 10 здравствени работници од прилепската болница што ја отежнува работата. Во овој град во изолација се околу 600 граѓани.

Во Битола има 159 активни случаи, а од Кризниот штаб информираа  дека бројот во последните три недели е двојно зголемен. Од  битолскиот центар за јавно здравје посочуваат дека најголем проблем  во Битола останува криењето контакти со што не може да се добие целосна епидемиолошка слика на заболените

Сосотојбата е загрижувачка и во Ресен, каде секојдневно расте бројот на заболени. Во моментот  има 50 активни случаи, а најголем е текстилниот кластер со 17 заразени работнички. И од ресенскиот кризен штаб упатија препораки за почитување на мерките.

Во Инфективното одделение во Битолската болница, кое  е Регионален ковид центар, хоспитализирани се 43 пациенти од југозападниот регион, капацитетите секојдневно се полнат, а покрај инфектолози, по систем на ротација вклучени се лекари и медицински сестри од другите одделенија.

Емилија Мисирлиевски