Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски утре ќе се сретне со претставниците на здруженијата на Македонците во Бугарија

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

Шефот на државата, Стево Пендаровски, утре напладне ќе се сретне со претставници на ОМО „Илинден“ – Пирин и на други здруженијата на Македонците во Бугарија. Од Кабинетот на претседателот на државата за Телма потврдија дека средбата ќе се одржи утре, по што ќе биде објавено соопштение.

Инаку средбата со Пендаровски пред десетина дена ја побараа неколку здруженија на Македонци во Бугарија, на што претседателот веднаш одговори позитивно.

Утрешната средба би била прв прием на Македонците од Бугарија во кабинетот на македонскиот претседател.