Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков од Брисел: Историјата е важна во односите на Бугарија со Северна Македонија, но не е единствената тема

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата во Брисел со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Софија треба да ја надгради својата позиција кон Скопје со работни групи, што не треба да биде политички чин, туку реален. Според премиерот на Бугарија, позицијата кон Северна Македонија е јасна и е втемелена во коалицискиот договор.

– Историјата е важна, но не може да биде единствена тема во билатералните односи. Интересот на Бугарија мора да се заштити, но и да се надгради. Треба да разговараме за инфраструктурата – железничката пруга од Софија со Скопје мора конечно да се случи. Во економска смисла – добро е што македонските бизниси можат да продаваат на бугарскиот пазар и, соодветно, бугарските бизниси да бидат на македонскиот пазар, изјави Петков.

Според него, сите на Балканот се заградени, поделени, а толку многу може да се добие од таков процес. Кирил Петков додаде дека сака да се сретне со идниот премиер на Република Северна Македонија по неговата инаугурација. Најави дека Бугарија че го разгледа и повторно ќе го поднесе Планот за закрепнување и развој до ЕК.

Освен со Урсула фон дер Лајен, бугарската владина делегација се сретна и со потрпретседателот на ЕК и еврокомесарот за трговија Валдис Домбровкис