Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Писмо за вонреден конгрес во ВМРО ДПМНЕ испратено до Делегацијата на ЕУ

/

пред 2149 дена

Сподели преку :

Иницијативата за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до Делегација на ЕУ во Скопје и дипломатските претставништва во Скопје, во кое бараат осуда за настаните по изјавата на советничката во Општина Битола, Анита Ангелеска. Таа вчера јавно повика на вонреден конгрес и смена на претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски по што била разрешена од сите партиски функции.

Ние како иницијатива за демократски дијалог во рамки на една политичка партија, најостро го осудуваме и се оградуваме од употреба на говор на омраза. Уште повеќе, ако тоа се прави врз жена. Во изминатиов период додека сме активни, во ниту еден момент не користевме или на било каков начин сме мотивирале говор на омраза- велат тие во писмото нагласувајќи дека стравуваат дека говорот на омраза ќе продолжи и ќе ескалира во периодот кој следи, заканувајќи се да прерасне во стандард за водење на политички дијалог.