Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По две години Австралија ги отвора границите за сите вакцинирани со две дози

/

пред 1700 дена

Сподели преку :

Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот.

„Ако сте биле вакцинирани со втора доза, со нетрпение очекуваме да ве видиме во Австралија“, нагласи Морисон на прес-конференција.

Австралија следи прилично срамежлива политика на отворање на своите граници од крајот на минатата година, дозволувајќи да влезат во земјата првина квалификувани мигранти, странски студенти и некои категории туристи.