Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради снежното невреме затворен аеродромот во Истанбул

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Аеродромот во Истанбул ги запре сите летови поради обилните снежни врнежи во градот.

„Поради продолжувањето на лошите временски услови, нема да има авионски слетувања и полетувања на пистите на аеродромот во Истанбул, а затворањето е продолжено до 13 часот на 25 јануари“, објави на Твитер шефот на државната управа за аеродроми на Турција, Хусеин Кескин.

Во Истанбул повремено продолжуваат обилните снежни врнежи.

Административно отсуство добија државните службеници, работниците и другиот персонал во градот, освен безбедносните, здравствените и транспортните услуги.

Евакуирани се 5.057 заглавени на патиштата поради снежните врнежи, а 3 илјади 180 лица се сместени во хотели, гостилници и студентски домови.