Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот шеф на грчката дипломатија бара Мицотакис во Софија да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Северна Македонија

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

За време на посетата на Бугарија, грчкиот премиер да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Северна Македонија, побара, преку Твитер, поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос.

-За време на посетата на Бугарија, господинот Мицотакис треба да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Северна Македонија, во рамките на потребата за стабилизирање на Западен Балкан, напиша пратеникот од СИРИЗА.

Грчкиот премиер претпладнево во Софија ќе се сретне со неговиот бугарски колега Кирил Петков и со претседателот на Бугарија Румен Радев.