Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Сидни Поатије – првиот афроамериканец кој освои Оскар за најдобар актер

/

пред 1730 дена

Сподели преку :

Сидни Поатије, првиот афроамериканец кој го освои Оскарот за најдобар актер, почина во 94-та година од животот.

Поатије беше еден од најголемите актери во 20-тиот век, почитуван хуманитарец и дипломат. Роден во Мајами, додека неговите родители престојувале во САД, Поатије автоматски се стекна со американско државјанство, иако детството го помина на Бахамите и на 16-годишна возраст се пресели во Њу Јорк.

Легендарниот актерски статус го стекнува во периодот кога остварува низа впечатливи театарски и филмски рољи додека во САД расизмот и тоа како се уште беше доминантен, но и покрај тоа со својот талент добива многу улоги кои ја воодушевија публиката и критиката.

Ќе остане запаметен по извонредните улоги во филмовите “Пркосните” ; “Во жештината на ноќта” ; “Погоди кој доаѓа на вечера”..и многу други.