Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предлог буџетот на расправа во собраниска комисија

/

пред 2139 дена

Сподели преку :

Предлог-буџетот за 2021 година од денеска на матичната комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими го образложи предлгот пред пратениците, а расправата на комисијата може да трае максимум 10 денови. Доставени се вкупно 528 амандмани од опозицијата. Економско закрепнување и поддршка на здравствениот систем се главните приоритети на државната каса за следната година. Според планот, државата планира да потроши над четири милијарди евра, а да собере 3,4 милијарди евра.

Буџетскиот дефицит, е проектиран на 4.9%  од БДП или речиси 570 милиони евра. Ќе се сервисира со задолжување на домашниот и на странските пазари, а планирано е и издавање на еврообврзница. Капиталните инвестиции се проектирани на 374 милиони евра. Владата очекува раст на економијата наредната година од 4,1 процент.