Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Пронајдени двете безживотни тела на маж и жена во Гостиварско

/

пред 2226 дена

Сподели преку :

Трагедија во Гостивар. Ноќеска неколку минути по полноќ граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во непосредна близина на гостиварскиот градски пазар во водите на Вардар скокнало женско лице, а набрзо потоа и машко лице.

Веднаш започнала потрагата по нив. Некаде околу 3 часот во близина на детското игралиште во Чајле пронајдено е безживотното тело на 20-годишна гостиварка, кое граѓани и пожарникари го извлекле од реката. Во потрагата по второто лице учествувале 30-тина полцициски службеници и членови на риболовно друштво. Телото на 45-годишниот гостиварец било пронајдено денеска околу 11 часот 50 минути во атарот на гостиварско Форино, односно помеѓу селата Форино и Чегране. Извршен увид на двете места, а по наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на двете безживотни тела. Од СВР Тетово велат дека се работи на расчистување на случајот.