Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протоколите за работа во МНТ да ги користат сите театри

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Заштитата на актерите на проби и при изведби на сцена, е причината зошто театарите сеуште не се отворени за јавноста, иако од Министерството за култура минатата недела добија препорака да почнат, откако општиот протокол за заштита од Ковид- 19, одобрен од Владата, ќе го усогласат со нивните нови протоколи . Од МНТ велат дека добиле допис од Министерството за изготвување интерен протокол, го направиле и го испратиле до КЗЗБ.

Сега чекаме одобрение од Комисијата за заразни болести на интерниот протокол што го изготвивме со техничките служби. Откако ќе го добиеме, ќе работиме на прецизирање на репертоарот за изведби во затворен простор. Планираме претставите од малата, да ги играме на Големата сцена, изјави  Симона Угриновска- директорка на МНТ

Обврската да достават интерни протоколи до сега ја завршиле само од МНТ, велат од КЗЗБ. Протоколите им се одобрени од Комисијата и поради прецизноста во детали, според тие протоколи сите театри во земјава може да изведуваат претстави во затворен простор.

Имаат протокол и за време на проби и за време на претстави. И за влез и излез и т.н. Значи одличен им е протоколот. Денеска си помина глатко на Комисија . Ќе го добијат и на писмено.Можат да си ја истераат работата, изјави  Александар Стојанов- в.д. директор на Центар за јавно здравје

Независно дали располагаат со 500, 1000 или 2000 метри квадратни површина, сите 16 театари во земјава , од кои дел се во центрите за култура, што се придржуваат до препораката за исполнување 30% од капацитетите со публика, треба да почнат со работа, вели Стојанов.

Со гала концертот „ Опера и балет под ѕвездите“, во петокот, на отворено започна сезоната во Националната опера и балет. Од таму велат дека сами изготвиле протоколи до кои се придржуваат при вежби, проби и настапи со редуциран број музичари, хористи и без контакти меѓу балетските играчи. Од Балетот ќе бараат посебен скрининг за изведба на делото „ Жилез“.

 

Сотир Трајков