Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин и Мишел: Што побрзо да се реши мигрантската криза на границата меѓу Белорусија и ЕУ

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, истакна дека намерите на европските земји да воведат нови санкции кон Белорусија се контрапродуктивни, пренесе Тасс.

Соговорниците се согласиле дека мигрантската криза на границата меѓу Белорусија и ЕУ треба што поскоро да се реши врз основа на меѓународното хуманитарно право и ја истакнале важноста на соработката меѓу Брисел и Минск, соопшти Кремљ.

Путин и Мишел потврдија дека е целисходно да се воспостави систематска соработка меѓу Брисел и Минск, како што беше договорено во телефонскиот разговор меѓу претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, и германската канцеларка, Ангела Меркел, се наведува во соопштението.

„Во тој контекст Путин посочи дека намерите на европските земји да воведат нови санкции кон Белорусија се контрапродуктивни“, соопшти прес-службата на рускиот претседател.

Во фокусот на разговорот беше и употребата на водени топови, солзавец, шок гранати од полските сили.

Путин изрази надеж дека Шарл Мишел „ќе работи со Варшава за да се избегне насилството врз мигрантите и да се воздржи од дејствија што би можеле да доведат до ескалација“.