Според информациите добиени од ирачки безбедносни извори, утринава околу 05:00 часот бил извршен ракетен напад на аеродромот во Багдад. Нема информации за жртви во нападот.
Американската воена база се наоѓа на аеродромот во Багдад. По нападот во оваа база долго се слушале сирени. Ирачката влада се уште не дала изјава за ова прашање.
Пред 5 дена беше извршен ракетен напад на меѓународниот аеродром во Багдад при што беше оштетен цивилен авион.











