Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рашковски со гаранција во недвижен имот, Вељановски без гаранција не се повеќе во домашен притвор

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Апелациониот суд ја прифати понудената гаранција во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски 192.980 евра во недвижен имот, и му го укина домашниот притвор. Определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, одземен му е  ипасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

И на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски му укинат куќниот притвор, но тој е ослободен без гаранција. И на Вељановски му е одземен пасошот и забрана за напуштање на државата. Вељановски е обвинет за случајот Организатори на 27 април за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор. Во куќен притвор беше седум месеци.