Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Редовната авио линија Скопје – Софија почнува на 27 март

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Денеска со владини делегации, а од 27 март редовна линија со патници. По триесет и пет минути лет, авинонот на компанијата „Гуливер“, таксираше на пистата на скопскиот аеродром.  Авио поврзувањето меѓу Македонија и Буигарија со директната линија меѓу главните градови Скопје и Софија, по многу најави  и по повеќе од десет години пауза повторно е воспоствено.

Министрите  Бочварски и Сабев задоволни и од отварањето на воздушниот пат и од сработеното досега во работната група. На денешната средба во Клубот на пратеници е договорено туроператоритре од двете држави да отворат трети дестинации.

Планот на двете Влади е овој пат линијата да опстане, да не загасне за само неколку месеци и преку неа да се развива туризмот.

Потешкиот дел од задачата, железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е следниот чекор, најави бугарскиот министер за транспорт и врски Никојал Сабев.

Бугарските претставници најавија дека еден од приоритетите ќе биде завршување на патот до граничниот премин „Клепало“ кој би требало да рабои на принципот „оне стоп шоп“ за да се овозможи што е можно поголем проток на луѓе и стока меѓу двете држави

Огнен Чанчаревиќ