Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија бомбардираше училиште во кое се засолнувале 400 цивили, вклучително и деца, обвинуваат украинските власти

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Уметничко училиште во кое се засолнувале околу 400 луѓе во украинскиот пристанишен град Мариупол е погодено од бомба, објавија градските власти на Телеграм.

Зградата, се користела како засолниште за жени, деца и стари лица се додека не беше погодена вчера. Градските власти ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот.

Луѓе се уште се под урнатините, се вели во соопштението. Се уште нема податоци за загинати или повредени.

Уметничкото училиште е во непосредна близина на таеатарот, кој пред исто така беше бомбардиран, и во чие засолниште се криеле помеѓу 1.000 и 1.200 лица, претежно жени и деца. Според последните инфомрации спасувачите успеале да извадат 150 живи луѓе од под урнатините, а бројот на повредени и загинати е сѐ уште непознат. Уличните борби кои се водат меѓу украинската и руската армија ја попречуваат спасувачката операција, додека времето за луѓето под урнатините истекува.