Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија отфрли важен дел од предлогот на Украина за мировен договор

/

пред 1665 дена

Сподели преку :

Во последната рунда од мировните преговори во Истанбул, Украина предложи да се откаже од амбициите за НАТО и да стане неутрална држава во замена за безбедносни гаранции кои ќе и гарантираат мир. Предлогот на Украина вклучуваше замрзнување на статусот на окупираниот Крим на 15 години, за кое време ќе се расправа за ова прашање.

Но, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, го отфрли украинскиот предлог.

Во изјава за Би-Би-Си, тој рече дека иако е премногу рано да се зборува за спецификите на мировниот договор, нема што да се разговара за Крим.

„Крим е дел од Руската Федерација, мислам дека ова прашање е затворено, така што нема за што да се консултираме“, рече тој.

Нелегалната анексија на Крим од страна на Русија не е меѓународно призната.

Полјански рече дека Русија не размислува за враќање на Донбас на Украина.

Но, кога станува збор за тоа дали Русија ќе го прифати влезот на Украина во Европската унија, рускиот претставник реагираше поблаго, велејќи дека во Москва има различни идеи.