Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија: Ја презедовме нуклеарната централа Чернобил за да ја заштитиме од терористи

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Руското Министерството за одбрана издаде соопштение во кое се наведува дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил за да ја заштитат.

Во соопштението се вели дека го презеле Чернобил за да се осигураат дека „националистичките групи и другите терористички организации не можат да ја искористат ситуацијата во земјата за да предизвикаат нуклеарна провокација“.

Русите велат дека нивото на радијација во областа Чернобил е „нормално“, додавајќи дека „персоналот продолжува да го следи нивото на радијација“.

Да потсетиме, руските сили вчера ја окупираа озлогласената нуклеарна централа Чернобил. На социјалните мрежи се појави видео, чија автентичност е потврдена, од руски тенкови пред електраната.