Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД побараа од Канада да ги искористи своите овластувања и да ја прекине блокадата на мостот Амбасадор

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Американската администрација ја повика канадската влада да ги искористи своите овластувања за да ја прекине блокадата на камионџиите кои протестираат против ограничувањата воведени во земјата во борбата против Ковид-19. Тие ги блокираа граничните премини и го запреа протокот на автоделови и друга стока меѓу двете држави.

Камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада од понеделникот на мостот Амбасадор што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит, принудувајќи ги автомобилските компании привремено да ги затворат фабриките или да го намалат производството.

Белата куќа соопшти дека секретарите за внатрешна безбедност и сообраќај разговарале со нивните канадски колеги и ги повикале да помогнат во решавањето на проблемот. Сојузниот министер за јавна безбедност Марко Мендичино побара да се испрати засилување на кралската канадска полиција во Виндзор, Отава и Кут, Алберта, каде што е исто така блокирана границата. Канадскиот премиер Џастин Трудо разговараше на интернет со лидерите на канадската опозиција вчера и рече дека контактирал и со градоначалникот на Виндзор.

Кабинетот на Трудо соопшти дека постои подготвеност да се „одговори со сите потребни средства“ за да се стави крај на блокадата.