Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ќе воведе санкции против руските олигарси во случај на напад на Украина

/

пред 1706 дена

Сподели преку :

САД подготвија конкретни санкции против членовите на руската елита и нивните семејства во случај Русија да ја нападне Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Вашингтон идентификуваше поединци кои припаѓаат или гравитираат на првиот круг околу Кремљ, рече таа, истакнувајќи дека „тие лица се особено чувствителни цели за санкции поради нивните многу блиски финансиски врски со западните земји“.

– Тоа е само еден од елементите во нашата желба да ја погодиме Русија од сите агли во случај таа да ја нападне Украина, рече Псаки.

Велика Британија, една од омилените инвестициски дестинации на руските олигарси, исто така најави дека го зајакнува својот арсенал на потенцијални санкции против руски поединци или компании.

Вашингтон веќе неколку дена ги проучува деталите за големите санкции кои Американците се закануваат да и ги воведат на Русија во случај на воена ескалација.