Во Битола почна да се гради модуларниот ковид центар. Градежна механизација од утринава е на терен, а ќе се копа на површина од 1.000 квадратни метри каде ќе бидат поставени три модуларни градби- две ќе содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар со капацитет од 90 кревети. Проектот кој го реализираат Министерството за здравство и Општина Битола. Во моментов, на инфективното одделение во Битола на болничко лекување се 70 лица инфицирани од Ковид-19, а во текот на ноќта животот и борбата со коронавирус ја загубија три лица, жители на општините Демир Хисар, Ресен и Новаци.











