Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се дислоцира речното корито на Брегалница кај карбинското село Долни Балван

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

По два месеци од декемвриските поплави во источниот регион почна дислокацијата на речното корито на Брегалница на мостото кај карбинското село Долни Балван. Овие градежни машини треба да завршат во рок од една недела, по што ќе почне проценката, колкава е штетат на мостот. Забранет е  за сообраќај, а жителите  го користат и покрај поставените знаци и насипот со песок.

Додека се прават проценките на штетите во карбинско, во малешевскиот регион веќе се знае колку ќе чини санацијата на регионалниот пат Мачево-Владимирова и на оштетено корито на Брегалница во Берово. Штетата е околу 1.200.000 денари, а за пешачката патека кон црквата Света Богородица дополнително ќе се излегува на терен.

Истокот лани преживеа  пожари и поплави. Климатските промени веќе силно удираат врз животот на граѓаните, земјоделството и шумите. Исплатата на штетите од пожарите се уште не е почната во Брегалничкиот регион.

Викторија Димитрова Јованова