Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се очекува Владата да ја одреди препорачаната цената на струјата

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

ЕСМ очекува денеска Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија и веќе во четврток кога и истекува рокот на ЕВН Хоме да достават понуда.

Владата на затворена седница ќе го разгледува финансискиот и планот за производство на електрани за 2022.

Се поизвесно е дека цената на струјата по Нова година ќе биде повисока, колку официјално засега никој не открива.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека се прават напори да се зголеми домашното производство на струја, и наместо законскиот минимум од 60 проценти, Државните елктрани да ја обезбедат целата потребна количина за домаќинствата, со што во функција до крајот на годината ќе бидат сите капацитети, освен хидропотенцијалот.