Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум загинати во задушувањето на протестите против пучот во Судан

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Суданските безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите, при што загинаа најмалку седум лица, а беа ранети уште околу 100. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Картум и другите градови во земјата за да го осудат државниот удар што го извршија воените сили во октомври.

„Јас сум против тиранијата, диктатурите и секој режим кој се противи на слободата или правдата на луѓето“, рече Мохамед ал-Амин, еден од демонстрантите.

Најмалку 71 лице загинаа во речиси секојдневните протести во главниот град Картум и други градови и населени места во Судан.

Военото преземање ги уништи надежите за мирна транзиција кон демократија во Судан, повеќе од две години по народниот бунт што доведе до соборување на автократот Омар ал-Башир во април 2019 година.

Немирите се интензивираа откако премиерот Абдула Хамдок ја напушти функцијата. Хамдок поднесе оставка откако не успеа да ги реши разликите меѓу генералите и продемократското движење во земјата.