Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: Екстрадицијата на Груевски е правно, а не политичко прашање

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој денеска е во посета на земјава, изјави дека екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски е правно прашање за кое е задолжен судскиот систем.

– Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција во МНР со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање зошто Унгарија не го испорачува Груевски.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година каде доби политички азил. Тој е обвинет во повеќе судски процеси и осуден во предметот „Тенк“ на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес.