Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежна бура го зафати Истанбул: Летовите запрени, сообраќајот закочен

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Поради снежните врнежи во Истанбул, променето е работното време во јавните установи и организации, прекинати се меѓународните летови Влезот на возила во градот во голема мера е запрен. Метеж настана на постојките на јавниот превоз.

Во Истанбул повремено продолжуваат обилните снежни врнежи. Летовите во градот се главно откажани. Имаше многу сообраќајни несреќи на замрзнатите коловози. Во несреќата во Арнавуткој се судриле 30 возила.

На некои места во градот сообраќајот целосно запре. Дел од граѓаните ги оставија возилата покрај патот и продолжија пеш.

Поради обилни снежни врнежи и неповолни временски услови во Истанбул беа затворени сите градинки и дневни центри.

Летовите на аеродромот во Истанбул беа прекинати до 04:00 часот до 25 јануари, меѓу кои и летовите за Скопје.

Извршниот директор на Туркиш ерлајнс Билал Екши изјави дека аеродромот е затворен за работа поради обилните снежни врнежи.

Во својата објава на социјалните мрежи, Екши напиша: „Нашите тимови продолжуваат да ги опслужуваат нашите патници со сите нивни напори”.

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја објави дека работното време на трговските центри е променето поради обилните снежни врнежи.

„Поради обилните снежни врнежи и неповолните временски услови во нашиот град, од оваа вечер трговските центри ќе бидат затворени во 19.30 часот. Им благодарам на моите сограѓани за трпението и разбирањето.” – објави Јерликаја.

Според соопштението на Генералната дирекција за автопати, запрен е целиот сообраќај од Сакарија за возила кои одат кон Истанбул од страна на Анадолија, само сообраќајот на тешки возила од Коџаели и целиот сообраќај од Јалова кон Истанбул и Измир.

Гувернерот на Истанбул Јерликаја најави дека излезите на Есенлер, Харем и сите мобилни автобуски станици се стопирани до утре до 08:00 часот.