Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со возило на брзата помош се обидел да пренесе 320 килограми канабис

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица.

Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама.

Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони.

Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.