Творец кој на полето на литературата и науката досегна исклучителни резултати не само во нашата средина, туку и во светски рамки.
Со смртта на академик Луан Старова МАНУ, македонската литература и култура загубија неповторлив автор, луциден раскажувач, брилијантен интелектуалец и голем хуманист, а сите ние загубивме прекрасна и благородна личност, истакна претседателот на МАНУ, академик Коцарев на Комеморативната седница по повод смртта на академик Старова.











