Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија ги повикува своите граѓани да се вратат од земјите во регионот до петок

/

пред 2210 дена

Сподели преку :

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот донесе одлука сите граѓани на Србија, кои престојуваат во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, да се вратат до петок до 18 часот.

– Апелираме до сите граѓани да се вратат во својата земја до крајот на оваа недела, бидејќи после тоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја, рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

– Она што е многу важно е дека сите земји во регионот се забележува зголемување на бројот на новозаразени. Црна Гора е на трето место, Хрватска и Босна и Херцеговина се на таа листа. Нашата ситуација е многу поповолна. Во оваа прилика, апелираме до сите наши граѓани кои се во овие земји да се вратат во Србија до петок. Од петок во 18 часот се воведуваат контроли за сите патници кои влегуваат од овие земји за да се намали ризикот. Апелираме до сите граѓани да се вратат во нивната земја затоа што после тоа ќе имаме поинаков режим, посочи д-р Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа најави дека после петок, во 18 часот, Србија ќе воведе надзор за сите патници кои влегуваат во земјата од ризичните држави, прецизирајќи дека надзорот ќе трае 10 дена.

Според неа, во наредните денови ќе бидат прецизирани и објавени дополнителни мерки во јавноста.

Таа, исто така, рече дека новите препораки на сите водечки здравствени организации се препорака за 10-дневен карантин по враќањето од земја во која епидемиолошката состојба е неповолна.

– Нема да станува збор за карантин и самоизолација, туку за надзор, што ќе вклучува одредени мерки и активности со цел да се намали преносот на вирусот и увозот на случаи од странство, потенцираше заменичката директор на Институтот „Батут“.