Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската Влада го усвои предлогот Вучиќ да го распушти Народното собрание

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои предлогот претседателот на Република Србија Александар Вучиќ да го распушти Народното собрание.

  • Доколку предлогот биде усвоен, со распуштање на Народното собрание владата ќе влезе во технички мандат. Секако, Владата на Република Србија ќе продолжи посветено да работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштенеито на српската влада.

Во него се додадва дека сите свои активности во техничкиот мандат, владата ќе продолжи да ги врши со полн капацитет, согласно уставните и законските прописи.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, како што соопшти порталот Нова.рс, утре треба да ги распише изборите за град Белград, додека, како што претходно беше најавено, претседателот на Србија истиот ден треба да ги распише и предвремените парламентарни избори, а почеток на претседателската трка ќе се распише на почетокот на март.

Граѓаните на изборите на сите нивоа во Србија треба да излезат на гласање на трети април.