Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Минималецот за јули е покачен на 14.934 денари

/

пред 2255 дена

Сподели преку :

Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работодавците дека за јули треба да им исплатуваат повисок минималец наработниците. Или наместо досегашните 14.500 минималецот изнесува 14.943 денари. На таа минимална плата дополнително треба да се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата согласно колективните договори. Бараат од надлежните инспекциски органи, како што велат веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи и јавно да ги објавуваат нивните имиња  со цел работниците да бидат информирани. Апелираат веднаш да запре праксата работодавачите да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците.

„За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе Кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците“- соопшти Синдикатот..

Зголемувањето на минималната плата треба да биде да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците- велат од ССМ.