Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Старата архитектура во штипско Ново Село заборавена од државните и од локалните институции

/

пред 1762 дена

Сподели преку :

Купишта од земја и греди сведочат за негрижата на државните и на локалните институции, кон старата архитектура во штипско Ново Село. Секој сокак и куќа има приказни, голем дел од нивните домаќини се впишани и во учебниците по историја. Сосема мал број од куќите ја зачувале својата автеничност, целиот финансиски товар за да се заштити културното наследство е врз грбот на сопствениците. Сложените процедури и тромите институциите им задаваат допонителни главоболки.

Познатиот македонски кардиохирург, Жан Митрев на општината подари четири куќи. Локалните власти  најавуваа дека пари ќе се обезбедат од европските фондови, но новиот штипски градоначалник открива дека токму општината се откажала од овие пари.

Штипскиот музеј во меѓувреме прави валоризација на градбите во Ново Село, за да се заштити старата архитектура.

Дел од сопствениците бараат  да се формираат  фондови, кои финансиски ќе им помагаат во чувањето на автентичниот изглед, но, според нив треба да имаат и  законски олеснувања за  реконструирање на   куќите, кои можат да се видат на реклами, спотови, но и во нашите македонски филмови.

Викторија Јованова