Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот во Велес ја ослободи Пале Илоска и ја пушти од притвор

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Основниот суд Велес ја ослободи од обвинение велешанката Пале Илоска која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер од Велес. Таа одговара за кривично дело „убиство во миг“.

„Обвинетата Павлинка Иловска, се ослободува од обвинение“, рече судијката.

Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.

Илоска пред судијката која ја води постапката вчера кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, и на кого во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство во миг кое предвидува затворска казна од една до пет години.