Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Текстилен кластер во фабриката во Ресен, заболените не ги кажуваат контактите

/

пред 2173 дена

Сподели преку :

15 вработени од текстилна     фабрика  во Ресен  се  позитивни на КОВИД-19. Овој кластер започна  да се формира од средината на  октомври. Дел од заболените се на домашно лекување, а дел се хоспитализрани, информираат за Телма од Министерството за здравство. Вкупно во Ресен има 38 активни слуачи, голем број од нив не даваат податок за контакти со позитвни лица, остантатие се од сeмеен и кластер од текстилната фабрика. Во изолација вкупно се 100 жители, а поради зголемениот број на заразени од вирусот Кризниот штаб на Општина Ресен препорача времено затворање на фабричките погони, но од таму не успеавме да добиеме одговор какви мерки ке се преземат.

Се пропорачува фабриката за текстил Хатекс да не работи 10 дена. Се задолжуваат фирмите и компаниите на територија на општина Ресен со поголем број вработени да назначат лице за контрола и интервјуирање на вработените за можен контакт со лица забоени од КОВИД-19. Се задолжуваат сите компании кои имаат организиран  превоз, капацитетите на автобусите да го рецдуцираат на 50 проценти, наведуваат од Кризниот штаб на Општиа Ресен 

Ова е втор поголем бран во Ресен, откако во јуни,  се појавиja  првите позитивни случаи .  Досега вкупно се регистирани 200 заразени, од нив 5 починале. Во моментот се уште во тек е бербата на јаболката, кога има поголема раздвиженост во Преспа, па дури и работници од други градови и од соседните држави, поради што се зголемува опасноста од ширеење на вриусот.

Емилија Мисирлиевски