Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телевизорите и апликацијата на ДИК за изборите сега ги истражува обвинителството

/

пред 2258 дена

Сподели преку :

За набавката на софтвер за изборите и три телевизори се интересирало Обвинителството за организиран кириминал и корупција од каде утрово влегоа во Државната изборна комисија. Земале документација за начинот на избор на фирмата која ја изработи апликацијата за следење резултати на изборите. Од она што го кажуваат од обвинителстовото за Телма, се работи за предистрага отворена по допрен глас, односно по написите на медиумите на оваа тема.

Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка, велат од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

И претседателот на ДИК, Оливер Дерковски ја потврдува информацијата, но вели дека набавката е законска и се почитувани сите процедури.

Инаку и покрај најавата дека граѓаните и медиумите преку апликацијата ќе можат во живо да го следат пребројувањето на гласовите и податоците за која партија колку гласови добила сепак апликацијата не функционираше. Ја изработила фирмата Дуна, откако претходно ДИК ја избрала во непосредна спогодба.