Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава: Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, САД е повлечен, дознава Телма. На денешна затворена седница на владата предлогот Ејупи да ја претставува земјава како генерален конзул во САД е повлечен.

Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова. Информацијата предизвика реакција во јавноста со оглед дека Законот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Ејупи во совојата биографија како работно искуство има наведено дека работела како презентерка во четири телевизии.

МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.