Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Техничка грешка или пратеник на ДУИ премина во независни?

/

пред 2217 дена

Сподели преку :

Вечерва на интернет страницата на Собрание осамна листа на независни пратеници, меѓу кои Панчо Минов, кој беше на петото место на пратеничката листа на Коалицијата Можеме предводена од СДСМ во 4-та изборна единица, Игор Дурловски, кој беше носител на листата на ВМРО ДПМНЕ, во петата ИЕ, и Исмаил Јахоски, кој беше втор кандидат на пратеничката листа на ДУИ во ИЕ 5.

Од ДУИ за Телма велат дека е направена техничка грешка при ставањето на имињата на пратениците на интернет страницата, и по грешка е напишан нивни пратеник наместо во листата на ДУИ, во онаа на независни.

Панчо Минов, и во претходниот парламентарен состав беше независен пратеник, но секогаш дел од некоја од големите коалиции. Исто и Игор Дурловски, најави дека ќе биде независен носител на листа.

Инаку, на собраниската интернет страница, каде е наведен пратеничкиот состав има назнака дека „податоците не се целосни“.