Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна незгода во Ново Лисиче, таткото починал а неговата 15-годишна ќерка е тешко повредена

/

пред 1712 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“, соопшти Јавното обвинителство.

До несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци.

„Во несреќата, возачот на автомобилот Фолксваген се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на лице место. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот. Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и откако му била укажана лекарска помош, тој е задржан во полициска станица.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“, се вели во соопштението од Обвинителството.