Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три експлозии одекнаа утрово во Лвов, нема жртви

/

пред 1679 дена

Сподели преку :

Неколку ракети утринава ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лавов, во западниот дел на земјата.

Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека нема жртви во нападот, а уништена е фабричката зграда така што работниот процес е во прекин.

Според воени извори, нападот е извршен со ракети „Кх-55“ лансирани од тешки стратешки бомбардери.

Со такво оружје во неделата беше нападната и воената база во близина на Јаворив, во западниот дел на Украина.

Садовиј претходно рече дека руска ракета ја погодила областа во близина на аеродромот, но оти самиот аеродром не е погоден.

Лвов е еден од најбезбедните градови засега во Украина од каде минуваат хуманитарните коридори и каде се сместени голем дел од странските медиуми кои известуваат за војната во Украина.