Движењето Беса објави дека кон партијата се приклучува Фатмир Лимани со својата политичка структура.
Лимани, кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, минатата година ги напушти „интегративнците“ и се кандидираше за градоначалник на Кичево, освојувајќи близу 5.000 гласови.
Лимани вели дека има моќен политички штаб и ограноци низ земјава.











