Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкриељ и Кочовска нови пратенички

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

На утрешната седница, Собранието треба да ги верификува мандатите на двете нови пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска. Тие треба да ги заменат нивните колешки Славјанка Петровска и Бисера Костадинова-Стојчевска кои станаа министерки. Предлогот го утврди ДИК и уште денеска ќе го достави до Собранието.

Шкриељ беше кандидат на листата предводена од СДСМ во втората изборна единица. Таа е шеф на кабинетот на министерката Мила Царовска, а пред тоа беше дополнителна заменик-министерка за труд и социјала во техничката Влада предводена од Оливер Спасовски. Претходниот кандидат од листата ќе биде прескокнат за да се запази родовата застапеност на жените во Парламентот.

Марија Кочовска беше кандидат од Демир Хисар во петтата изборна единица. Таа е членка на Централниот одбор на СДСМ.