Одлуката на Народната банка со која менувачниците ќе може да купуваат девизи од банките – е уште една дополнителна заштита за граѓаните да бидат сигурни дека девизи на пазарот има за сите што сакаат да купат, вели Маја Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација. НБРМ на ваквиот потег се се одлучи за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар.











