Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипската болница има пари само за да ги наплати долговите

/

пред 1666 дена

Сподели преку :

Буџетот на штипската Клиничка болница е доволен само за преживување, иако е поголем од лани. Пари ќе има само за враќање на долговите, кои се натрупаа во битката со коронавирусот. Нови апарати и капитални инвестиции ќе нема, пред пандемијата од партиципација се слевале околу еден милиони евра, но оваа сума е преполовена. Годинава ќе  добијат дополнителни средства од кои 10 милиони денари се наменети за кардиологија, каде очекуваат обемот на работа да се зголеми за 40%.

Дополнителен проблем е и сметката за струја. Лани предвиделе 12 милиони денари, но  од искуството на останатите здравствените установи кои веќе ги добиле фактурите во буџетот издвоиле 50 милиони.

Во тек е тендерот за нов добавувач на струја за штипската болница, откако договорот им истече во февруари. Новите сметки на сите болници дополнително ќе им ги зголеми долговите.

Викторија Јованова